Нема препорака за мешање на вакцините, и првата и втората доза мора да се од ист производител

Официјалните препораки на сите производители се да не се мешаат вакцините и првата и втората доза да бидат од истиот производител. Досега нема официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче, по повод Светскиот ден на детето, денеска во дворот на Детската клиника  одговараше на новинарски прашања во врска со вакцинацијата и кажа дека сè уште нема точни датуми за пристигнувањето на вакцините „Спутник“ и на „Синовак“.

„Вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зеде обврска во текот на денот да контактира со Институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за пристигнувањето на вакцини од ‘Синовак‘ е за првите десет дена од месецов“, рече Филипче.

Тој уверува дека имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа вакцини од „Фајзер“ кои се дистрибуираат, а во текот на неделава се очекуваат и донирани вакцини од Бугарија и Грција.

За прва доза сега има околу 15.000 вакцини, вклучително и вчерашните 11.700 вакцини ,,Фајзер”, од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ. Поради тоа, дневно со прва доза се вакцинираат околу 2.000 лица, за разлика од минатите недели кога се вакцинираа и по 10.000 граѓани, а според Филипче, намалено темпо на вакцинација ќе има само оваа недела.

„Сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години и не се вакцинирани. Има околу 42 проценти вакцинирани од вкупната популација над 65 години. Со кампањата очекуваме уште поголем број граѓани да се пријават за вакцинација. Не се уште сите вакцинирани и тие вакцини нема да бидат неискористени. Не ги креираме препораките и ставовите кој со која вакцина треба да се вакцинира врз основа на тоа што е располжливо како тип на вакцина, туку врз основа на стручните препораки. Додека не сме сигурни дека е безбедна вакцина согласно сите случаи кои се пријавуваат за компликации за помлади од 60 години тоа ќе остане така“, рече Филипче.

Според Министерството за здравство, заклучно со вчерашниот ден на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а со барем една доза вакцина е вакцинирано 41 отсто од населението над 65 години. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, пак, достигна 433.787 граѓани.

Што се однесува до состојбата со ковид-пациентите во болниците, Филипче рече дека  случаите со ковид-19 во последните денови не се во тешка состојба.

„Тешките случаи со ковид-19 се заостанати од претходно. Бројот на нови случаи се намалува. На Инфективната клиника 40-тина пациенти беа останати во одделите за интензивна нега, најтешките пациенти од другите болници се трансферирани во Скопје и тој број е во опаѓање што е индикатор кој укажува дека целата епидемија спласнува“, изјави Филипче.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе