„Македонија е во фаза на широка трансмисија“

Нема потреба од нови рестриктивни ковид-мерки, смета Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести денеска ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата и не препорача воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од ковид-19, но апелира да се почитуваат постојните мерки.

Како што соопштија од Комисијата, во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст во споредба со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Македонија, како што велат оттаму, е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.

„Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски“, се наведува во соопштението од Комисијата.

Оттаму додаваат дека останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против ковид-19.

 

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе