Министерот за состојбата со коронавирусот

Нема нови случаи во изолација во Скопје освен оние поврзаните со несовесната лекарка, смирува Филипче

Нема нови случаи во изолација во Скопје и луѓето што се во карантин се оние што беа на симпозиумот, најблиските, пациентите и колегите на разрешената лекарка Нина Цаца Биљановска. Зголемување на бројката на луѓе во изолација поврзани со овој случај нема, информираше денес на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

За точната бројка на заболени лица Филипче посочи дека во моментов изнесува 12, а се чекаат резултати уште за 7 лица од кои 6 се од Дебар, а еден е странски државјанин. Нивните резултати ќе се знаат малку подоцна.

Министерот Филипче испрати апел до сите што ќе забележат неправилност во работењето да пријават до надлежен орган или во Министерството за здравство и додаде дека денес по предлог на Владата ќе достават и барање за целосно затворање на трговските центри. 

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе