Министерство за здравство

Нема нови случаи на заразени од делта сојот на ковид-19, ревакцинирани над 272 илјади граѓани

Во Македонија освен првичните осум лица заразени од делта сојот на коронавирусот, нема нови случаи. Сите осумина се веќе и оздравени, информираат од Министерството за здравство. Утре почнува вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. 

Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.

Со теренската вакцинација која почна минатата седмица во населени места и во рурални средини, регионалните вакцинални пунктови се во функција за ревакцинирање, а спортските сали во неколку градови почнуваат да се затвораат.

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453.773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се  272.129.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Во државата вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираше Министерството.

Барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто  од повозрасните од 65 години, 51 отсто од населението над 60 години и 41 отсто од тие што се на возраст над  50 години.

Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат што помасовно за да се надмине епидемијата со вирусот, напомнувајќи дека во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани, така што за влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување вакцинален сертификат.

„Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат за да не се соочат со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни. Само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид-пандемија“, напиша Филипче на Фејсбук.

Во статистиката за последното деноноќие беа евидентирани уште 19 нови случаи кај кои е потврден ковид-19 од направени 3.667 тестирања. Осуммина од нив се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица  од Скопје) и нема починати пациенти.

 Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на ковид-дијагностицирани достигна 155.901 од вкупно  927.182 тестирања. Оздравени се 150.168 пациенти, починати 5.487.

Активни на вирусот во земјава има 246 случаи, најмногу (88) се во Скопје, а по него следува Тетово со 78. Двоцифрени активни случаи имаат уште четири  општини – Гостивар (14) и Куманово, Охрид и Кичево по 13.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе