Комисија за заразни болести

Нема нови рестриктивни мерки, свадби во затворен простор и натаму ќе има

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот и во наредниот период на сила остануваат досегашните мерки.

Некои од медиумите објавија дека на денешниот состанок требало да се разговара за организирање на свадби во затворен простор и за можноста за нивна забрана како мерка за заштита од ковид-19, особено по појавата на новите мутации како делта-сојот.

Друга мерка која изминатиов период ја препорачуваа здравствените експерти е воведување на заштитни мерки за влез во земјава како „вакцинален сертификат“, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пак, остана на ставот дека нема потреба од воведување на нови мерки, повикувајќи на помасовна вакцинација како единствен лек за пандемијата.

Од Министерството за здравство потврдија дека нема промена на мерките.

„Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и Тетово. Според анализите, во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба’, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на ковид-19.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе