По притисокот од родителите и медиумите

Нема квалификациски тест во „Орце Николов“, учениците ќе се прераспределат по паралелки

Министерството за образование и наука, по најавениот квалификационен тест во гимназијата „Орце Николов“ закажан за утре, сепак го откажа и рече дека вишокот од 20-тина пријавени ученици ќе се распределат по постојните девет паралелки.

Од Министерството ни потврдија дека тестот е откажан и дека сите пријавени со просек 5 ќе бидат примени без полагање.

Во оваа гимназија за 285 слободни места се пријавија 400 ученици, од кои 330 со сите петки. Од нив десетици си ги повлекоа документите, па останаа само дваесетина пријавени над квотата.

„Врз основа на барањата на родителите за продолжување на образованието на нивните деца како уставно загарантирано право во средното образование како и барањето доставено од страна на СУГС Орце Николов, Министерството за образование и наука реализираше средба со претставници на родителите и директорот на СУГС Орце Николов“, пишува во соопштението од МОН.

„На средбата родителите ги искажаа своите ставови и размислувања по однос на изборот на училиштето во кое нивните деца имаат желба да го продолжат своето образование, а притоа имајќи го предвид континуираниот одличен успех и поведение што ги стекнале нивните деца во текот на основното образование.

По направените консултации министерот ги извести родителите дека тој како одговорно лице за образованието во Република Северна Македонија нема да дозволи 'ниедно дете да остане на улица' и затоа дозволи сите пријавени ученици со 75 бода да бидат запишани во СУГС Орце Николов. Сето ова е во насока на учениците да им се овозможи согласно со нивниот одличен успех постигнат во основното образование да го продолжат средното образование во училиштето коешто го избрале“, вели Министерството.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе