Нема да има разрешувања на раководни лица во болници, вели министерот Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска демантираше дека по оставката на директорката на Детската клиника, Катерина Ставриќ следуваат разрешувања на раководни лица на болници.  

„Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции. Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка уште пред неколку месеци, кога беше во тек изборниот процес. Тогаш имавме разговор, се согласи да остане до завршување на изборите за да можеме ние да ги правиме тие промени“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе и по молебенот на УКИМ, тој кажа дека немаат избрано човек со кого ќе разговараат за да ја замени Ставриќ.

„Тоа ќе следи во периодот откако до крајот на неделава уште еднаш ќе се сретнам со директорката. Сакам да разговарам, да видам кои се причините што ја натерале да даде оставка, дали може да се надминат, дали би сакала да остане, бидејќи сепак помина одредено време. Тогаш кога ја поднесе оставката кажа дека станува збор за лични причини“, појасни Филипче.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе