Министерство за здравство

Неделава се намали бројот на новозаболени и починати од ковид-19

Во периодот од 22 август до 28 август тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3 отсто во однос на минатата седмица. Процентот на позитивност се движел од 17,8 отсто до 33,6 отсто, просечно 27,9 отсто, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=831; 47,1 отсто). Највисока инциденца е регистрирана во Делчево (272,4/100.000), Гевгелија (227,0/100.000), Берово (211,2/100.000) и Кавадарци (187,2/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=758; 43 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 10 до 19 години (n=49; 2,8 отсто). Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 43 отсто во возрасната група од 10 до19 години).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.437 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 30,4 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=3.500).
Во текот на минатата недела пријавени се 407 реинфекции, со намалување од 37,1 отсто во однос на претходната недела (n=647).

Пријавени се 12 смртни случаи, со намалување од 40 отсто во споредба со претходните седум дена. Најголем број од починатите се од Скопје (8), а пријавени се и по еден смртен случај од Валандово, Кратово, Охрид и Прилеп. Во однос на возрасната група 11 починати се над 60 години и еден починат
од возрасната група од 50 до 59 години. Девет од пријавените случаи се починати во болнички услови и кај 11 се регистрирани коморбидитети.

Заклучно со 28 август пријавени се вкупно 339.881 случаи на ковид-19 (I=18.504,9/100.000).
Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (30.236,0/100.000) и Скопје (26.334,1/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка

Според извештаите од болниците, во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 случаи (нови приеми), а моментално се хоспитализирани 120 лица (за пет помалку во споредба со претходната недела (n=125)), од нив 47 се на кислородна поддршка (двајца повеќе во споредба со претходната недела (n=45)), нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Регистрирани се 9.477 смртни случаи (Лт=2,8 отсто). Во однос на недела на пријавување најголем број се регистрирани се во тек на 14-тата недела во 2021 (n=314) (Графикон 3). Најголем дел се на возраст над 60 години (n=7.910; 83,5 отсто) со највисок специфичен морталитет – 1.797,2/100.000 жители. Регистрирани се 5.624 (59,3 отсто) смртни случаи кај лица од машки и
3.853 (40,7 отсто) кај лица од женски пол. Кај 7.602 (80,2 отсто) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни (n=6.312), дијабетес (n=2.560) и белодробни (n=1.160).
Од реинфекциите, 26 завршиле со смртен исход. Регистрирани се девет смртни случаи кај бремени жени и 41 смртен случај кај здравствени работници. Од смртните случаи, 818 (8,6 отсто) починале во вонболнички, а 8.659 (91,4 отсто) во хоспитални услови, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе