Неделава лекот Фавипир и во македонските аптеки

Лекот Фавира или Фавимол, со генеричко име Фавипивир, кој досега нелегално се внесуваше од Косово како антивирусен лек што помага и против коронавирусот, неделава ќе се најде и во македонските аптеки, информираат надлежните од Агенцијата за лекови.

Досега овој лек на големо нелегално се продаваше во Македонија, а се купуваше во Косово и Босна и Херцеговина, а цената само за едно кутивче била од 75 до 100 евра.

Неодамна министерот за здравство Филипче изјави дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипиравир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид. Тие се даваат само во болнички услови и кај одредени форми од болеста, по клиничка слика.

„Мора да имаме предвид дека ова е лек кој се дава во болнички услови и се дава по строга индикација на болеста на една од формите на болеста кои може да се манифестираат кај пациентите, значи не кај сите, а после направени крвни анализи. Ние го имаме лекот ремдесивир, го имаме и лекот фавипивир, има и некоја терапија која исто се дава во комбинација или посебно од овиое два лека. Ќе почнеме и постапка со која ќе се купи дополнителна количина за целата 2021 година. Значи, лекови има од секој тип сосем доволно, но тоа се лекови што не се даваат надвор од болница“, рече министерот Филипче.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе