Министерот тврди дека мерките се добро имплементирани

Не се враќаат сите хронично болни на работа, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче во врска со враќањето на дел од хронично болните лица на работа изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите, истакна Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон.../Rruga drejt..." на Алсат М телевизија.

Не е точно, потенцира тој, дека сите пациенти со хронични болести се враќаат на работа.

„Се враќаат тие коишто можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист“, потенцираше Филипче.

До 23 септември пациентите треба да посетат специјалист за што се пуштени дополнителни термини во „Мој Термин" и е-амбуланта, а по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе