НАТО донира 60 комплети опрема за респиратори

Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за респиратори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД.

„Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 респиратори, со испораката на 30 октомври 2020 година“, објави НАТО на својата веб страна.

Опремата е наменета за КОВИД-19 болниците во Скопје, Тетово, Штип Битола, Охрид и Прилеп.

„Оваа поддршка е дел од целокупниот пакет помош што НАТО КОВИД-19 сојузниците се согласија да го обезбедат за Северна Македонија за справување со сериозните ефекти на пандемијата. Дополнителни респиратори и друга медицинска опрема ќе бидат испорачани во Северна Македонија во следните недели, во рамките на Фондот за пандемиски одговор на НАТО“, се вели во соопштението објавено денеска на веб страницата на НАТО.

Досега, осумнаесет НАТО сојузници имаат донирано финансиски средства и медицинска опрема и материјали во доверливиот фонд за одговор на пандемијата, од кој досега се одобрени пакети за помош за четири сојузници – Албанија, Чешка, Црна Гора и Северна Македонија, како и за пет партнери – Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе