Натамошните мерки и болничката организација ќе зависат од утрешните бројки на заразени, вели Филипче

За време на викендот имаше намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека иако има таков тренд на намалување, се уште се внимателни и будно ја следат ситуацијата.

„Има доволен капацитет слободни болнички кревети, се уште трае системот на ротација, координацијата во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите, како во Скопје така и меѓу останатите болници и скопските, така што во таа смисла верувам дека трендот ќе продолжи, но ние сме се уште внимателни и будно ја следиме ситуацијата“, рече Филипче.

Посочи дека денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300, но тоа, како што вели, е очекувано, бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестови.

„Утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, нешто што е многу значајно и во однос на тоа како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошните превентивни мерки, така и во делот на планирање на болничките капацитети“, рече Филипче.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе