Истражување за онлајн наставата во основните училишта

Наставниците за службени потреби користат сопствен лаптоп и приватни имејл-адреси

Речиси половина од наставниците во училиште за службени потреби користат сопствен лаптоп, а дури 84,9% за службена комуникација користат приватни имејл адреси, покажува истражувањето на Фондацијата за интернет и општество-Метаморфозис „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајн настава во основните училишта“.

Целта на ова истражување е да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во Македонија во периодот март-јуни 2020 година. 

Според извештајот од спроведеното истражување, речиси половина од учесниците, односно 44,5% пријавиле дека во училиштето, за службени потреби користат сопствен лаптоп, а 84,9% од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси. Во извештајот се наведува дека ова е проблематично од повеќе аспекти, особено од аспект на заштитата на личните податоци на учениците, кои во текот на основното образование се малолетни лица.  

„Скоро една третина од наставниот кадар или 31,6% изјави дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет пристап.  

Во голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и ‘споделувањето‘ на техничките помагала (лаптоп, компјутер), односно ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо. 

Речиси сите учесници во истражувањето, дури 88,9% се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес. 

Значителен број (30 %) сметаат дека подобра варијанта од ‘една платформа за сите‘ би било кога училиштата би имале одредена слобода при изборот на платформите и софтверите преку кои ќе се спроведува онлајн наставата за нивните ученици. 

Со ставот ‘Во наставата има задоволителна застапеност на материјали на сите јазици на кои се спроведува наставата‘ се согласуваат 45 % од испитаниците, додека 70% од наставниците кои ја спроведуваат наставата на друг јазик (различен од македонскиот), не се согласуваат со овој став. 

Во однос на учебниците и другите образовни ресурси, речиси сите учесници, односно 93,9 % се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците“, се дел од заклучоците со држани во извештајот од истражувањето.  

За надминување на проблемите се препорачува вклучување на сите засегнати страни (родителите, наставниот кадар, менаџментот на училиштата) во носењето нови политики во врска со онлајн наставата; Создавање/користење модерна, оптимизирана, и унифицирана платформа за онлајн настава, чијашто соодветност и употребливост – покрај клучните софтверски елементи - ќе биде оценета и низ призмата на маргинализираните заедници и лицата со послаби ИКТ-вештини; како и обезбедување електронски уреди и интернет за учениците, особено на оние од социјално ранливите категории и од повеќедетните семејства, за следење на онлајн наставата.

Меѓу препораките се и инвестирање во надградување на ИKТ-инфраструктурата во основните училишта, особено во училиштата во руралните средини; Водење сметка за специфичните потреби на учениците со посебни потреби, учениците од руралните средини и учениците од економски послабите средини; Инвестирање во надградување на вештините на наставниците во нивните дигитални компетенции; Континуирана техничка поддршка на училиштата и на наставниот кадар за успешно спроведување на онлајн наставата.  

Исто така, треба да се води сметка за педагошкиот аспект на онлајн наставата, односно  соодветно дообучување на наставниот кадар каде тоа е потребно, потоа да се води сметка за достапноста на образовните материјали за сите ученици, особено за учениците кои следат настава на јазиците на помалите заедници, како и да се промовира

користењето на отворените образовни ресурси (ООР), како алтернатива на класичните учебници и наставни помагала. ООР, како што стои во извештајот,  се особено важни во средините каде што традиционалните образовни ресурси не се секогаш и целосно достапни (на пример, на јазиците на помалите заедници, во руралните средини, итн.). За целосно искористување на потенцијалот што го нудат ООР во нашата земја, се потребни одредени измени во регулативата, со кои ќе се овозможи нивна непречена употреба во училишната средина;

Потребно промовирање на позитивните примери на ефективна онлајн настава, односно признание на најпосветените чинители, а до надлежните институции, училиштата и до наставниот кадар се упатува апел за многу внимателно постапување со уредите каде што се зачувани личните податоци на сите инволвирани во наставниот процес, особено на малолетните лица (учениците), заради можните последици и повреди на приватноста до кои би можело да дојде со потенцијално пробивање на заштитата.

Прибирањето на податоците за истражувањето се одвиваше во две фази: анонимна онлајн анкета, спроведена во периодот од 26 јуни до 15 јули 2020 година, наменета за наставниот кадар, менаџментот и стручните служби од основните училишта во Република Северна Македoнија, и три одделни фокус-групи, во периодот 26-27 август 2020 година, со наставниот кадар, менаџментот и со родителите на учениците од основното образование.  

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Отворени образовни ресурси“, спроведуван од Метаморфозис, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество - Македонија. 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе