Наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн

Министрите за здравство, Венко Филипче, и за образование, Мила Царовска, денеска на состанок со претставниците на Сојузот на средношколци порачаа дека наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега.

Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот се потенцирало дека и во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн. Исклучок од ова се учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

„Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат“, истакнал Филипче.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе