Поради зголемен број заболени здравствени работници

Наскоро и средношколки медицински сестри ќе се ангажираат во ковид центрите

Комисијата за заразни болести размислува во ковид центрите да ги распореди и медицинските сестри од четврта година во средното медицинско училиште, кој ангажман би се сметал како нивно стажирање, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Вчера имав средба со директорката на Средното медицинско училиште за да видиме дали може дел од стажот на медицинските сестри од последната, четвртата година, да се помине во ковид центрите. Има некои административни работи кои денеска и во текот на вчерашниот ден ги разгледуваме и мислам дека во следните денови ќе знаеме дали можеме да сметаме на оваа бројка медицински сестри кои веќе имаат искуство со практичен дел од претходните години", изјави Филипче.

Тој нагласи дека во овие месеци тие имаат проблем со спроведување на праксата затоа што сите доктори практично се целосно мобилизирани во лекувањето на пациентите со ковид.

Во моментов околу 300 здравствени работници се заболени или позитививни на коронавирусот.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе