Светски ден на детето

Народниот правобранител бара децата да се третираат како и возрасните

Децата мора да растат во здрава средина и да бидат третирани како возрасни. Физичката дистанца, онлајн наставата влијаеа и уште влијаат врз децата, оосбено врз нивното ментално здравје и социјализацијата, како битен сегмент во нивниот психолоши развој, во таа насока сите чинители се должни да сторат сѐ што е во нивна моќ и да им помогнат на децата што полесно и побезболно да го поминат овој период, без тој да остави трајни последици врз нив, вели Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на детето.

Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за секое демократско, напредно и развиено општество нема поважна работа од создавање на здрави, образовани, вредни, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот и модерното време, потенцираат од Народниот правобранител.

„Повеќе од една година, децата, не само кај нас туку низ целиот свет се соочуваат со поинаков начин на живот во сите сегменти, вклучувајќи го и образовниот процес. Физичката дистанца, онлајн наставата влијаеа и се уште влијаат врз децата, оосбено врз нивното ментално здравје и социјализацијата, како битен сегмент во нивниот психолоши развој. Во таа насока сите чинители се должни да сторат сѐ што е во нивна моќ и да им помогнат на децата што полесно/побезболно да го поминат овој период, без тој да остави трајни последици врз нив. 20 ноември се одбележува како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето, и е ден кога сите ние ги сублимираме нашите заложби, напори, иницијативи, преземени дејствија, за утврдување на статусот на детето во училиштето, во семејстсвото и воопшто во општеството, посебно од аспект на почитувањето на децата како индивидуи со свои ставови и гледишта за сите битни прашања, посебно за прашањата кои се однесуваат на нив“, посочуваат од Омбусдманот.

Свесни сме дека за хармоничен развој на личноста на секое дете, потенцираат оттаму, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање.

„Токму затоа децата треба и мора да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Дожни сме да го слушнеме и почитуваме нивото мислење, посебно кога станува збор за прашања кои го засегаат нивниот интерес. Сите имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите, вели Омбудсманот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе