Ноќеска на скопската Клиника

Направена и втората трансплантација на срце во Македонија

Во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а операцијата беше извршена врз момче на 27 годишна возраст, кoe подолго време чекало донор. Момчето го доби срцето од девојка која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи.

Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил.

„Во 3.33 часот  утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, напиша министерот.

Претходно, малку после полноќ, министерот за здравство Венко Филипче објави дека на Клиника во тек се подготовките за трансплантацијата посакувајќи сѐ да мине во најдобар ред.

Министерот вчера ја објави веста дека се бара пациент кој би можел да го добие срцето на несреќната девојка на која не можел да ѝ се спаси животот и рече дека ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.

Во мај минатата година беше извршена првата успешна трансплантација на срце од донор. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Таа трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника", и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина".

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе