Наместо учебници, МОН ќе достави „материјали за учење“ за прво, второ, четврто и петто одделение

Наместо учебници, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за дел од предметите ќе добијат „материјали за учење“ наменети за наставната програма од првото тримесечие, во согласност со нејзината измена. Тоа не се скрипти, туку квалитетни материјали кои ја развиваат креативноста, велат од Министерството за образование. Од МОН ветија доставата на материјалите, како и на учебниците за останатите предмети и одделенија, да биде завршена во текот на денешниот и утрешниот ден, односно, како што велат, пред 1 септември.

„Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани.

Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците по сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден, Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден“, велат од МОН.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе