Министерство за здравство

Намален е притисокот врз болниците за слободни кревети, Владата е за кризна состојба до 30 јуни 2021

Продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни 2021 година бара Владата од Собранието. Одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба која треба да заврши на 19 декември.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека она што сега се случува во земјава е сериозно намалување на притисокот на пациентите кон болниците, но оти се многу внимателни бидејќи многупати досега се покажало дека вирусот е многу непредвидлив.

„За разлика од првите недели од ноември кога обезбедувавме нови одделенија и болнички кревети, сега  речиси еднаков е бројот на новопримени и бројот на испишани пациенти. Факторот на преносливост од почетокот на ноември кога беше еден и пол, сега е некаде околу еден во зависност од бројот на направени тестови што ни дава за право да кажеме дека ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуација кога дефинитивно можеме да кажеме – можеме да здивнеме. Ситуацијата оди кон тоа да се стабилизира и понатаму. Многу сме внимателни бидејќи многупати досега се покажа дека вирусот е многу непредвидлив. Не знаеме што може да очекуваме. Немаме параметри врз основа на кои можеме со сигурност да дадеме прогноза како ќе оди ситуацијата понатаму“, рече Филипче.

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стефановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

„Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспарентност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда“, рече Стефановиќ.

Ниту еден пациент не се враќа дома без да се прегледа, нагласи Стефановиќ.

Статистиката на здравствените институции покажа дека во изминатите 24 часа се евидентирани нови 1.069 случаи од направени 3.012 тестирања. Министерството за здравство информираше за 29 починати лица и за 1.242 оздравени пациенти.

Сите починати се во болнички услови. Седум починати се од Скопје, четворица од Прилеп и Гостивар, тројца од Куманово и Гевгелија, двајца од Битола и од Струмица и по еден од Тетово, Кавадарци, Радовиш и Неготино.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје - 489, по што следуваат Прилеп со 81, Куманово со 60 пациенти, Гостивар и Штип со 42, Охрид со 41, Кавадарци со 37 и Тетово, Струга, Велес, Битола и Кавадарци со по 37 нови случаи.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе