Намален бројот на пациенти во ковид-центрите, во Скопје примени се 9 лица во последните 24 часа

Во ковид-центрите низ државата денеска има вкупно 760 хоспитализирани лица, од кои 324 се во Скопје, а 436 во другите градови. Утрово, според податоците од Министерството за здравство, имало 915 слободни болнички кревети, а од нив 350 во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 2 на Интерните и хируршки клиники, 3

во ГОБ 8 Септември и 4 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во моментов ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 115 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Од другите градови во државата, најмногу пациенти има во Куманово-53 и во Штип-52. Во болницата во Битола се хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, на инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, а во Велес се лекуваат 50 болни. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 40 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе