Додека се чекаат анти-ковид вакцините

Над сто илјади граѓани побараа да бидат вакцинирани

Над сто илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против ковид-19 преку веб-страницата или директно преку своите матични лекари, велат од Министерството за здравство.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk" до денеска за вакцинација против ковид-19 се пријавиле 63.075 лица, додека пак, преку своите матични лекари се пријавиле 39 илјади граѓани, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството информираат дека со вакцините донирани од Србија, досега се вакцинирани 1.274 здравствени работници.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер".

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе