Ден на менталното здравје

Над 4.500 телефонски повици за психолошка помош

Денес на одбележувањето на Светскиот ден на грижа за ментално здравје, 10 октомври Клиниката за психијатрија потсетува на важноста на менталното здравје за целата популација. Во услови на ковид-19 важно е да се обрне внимание на влијанието на кризата врз менталното здравје на групите под ризик. Оттаму информираат дека Клиниката има отворено повеќе телефонски линии за различни целни групи и почнувајќи од март оваа година досега се реализирани над 4.500 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата.

Фото: Роберт Атанасовски (илустрација)

Како ранливи категории во ова време на пандемија се повозрасните лица, децата и адолесцентите, различните групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и здравствените работници, кои несебично ги вложуваат сите свои човечки потенцијали за справување со пандемијата и за зачувување и подобрување на здравствениот статус на населението, соопшти Клиниката.

Грижата за нашето ментално здравје е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје.

Во поддршка на овој важен сегмент на колективното здравје, Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот и токму во насока на унапредување на менталното здравје. Клиниката има отворено повеќе телефонски линии за различни целни групи и почнувајќи од март оваа година досега се реализирани над 4500 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19.

Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија, а координатор за нашата држава е токму Универзитетската клиника за психијатрија. Оваа студија се спроведува со цел да се изврши процена на влијанието на пандемијата, како и воведените рестриктивни мерки врз менталното здравје кај нашето население како основа за развој на соодветни здравствени интервенции.

„Во изминатиот период покажавме вистинска грижа и беа реализирани бројни активности за унапредување на условите за третман за пациентите во установите кои ја третираат оваа категорија пациенти. Универзитетската клиника за психијатрија е учесник во два интернационални проекти за ментално здравје во заедницата во рамки на програмата Horison 2020 на Европската Комисија – ИМПУЛС кој е раководен од Queen Mary University од Лондон и RECOVERY кој е раководен од Trimbos Institute од Утрехт. Во овој период на пандемија со Ковид, имаме опсежна и успешна соработка со УНИЦЕФ, како и координираност со СЗО." – изјавуваат од Клиниката за психијатрија.

Направени се значајни инвестиции во унапредување на условите за пациентите во болницата, како и осовременување на опремата и терапиите.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски (илустрација)

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе