Извештај на ИЈЗ

Над 2 милиони тестови за ковид-19 се направени до сега во државава, бројот на заразени се намалува

Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто.Оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Активни во моментов се 3.559. Досега се направени вкупно 2.136.393 ковид-тестови.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени" се стекнале 3.750 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти.

Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела. Од нив 55 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација

Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на ковид-19.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе