„Бројките ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ“

Над 15.000 од вкупно 16.500 ученици се пријавија за полагање државна матура, тврди МОН

Во Македонија има 16.500 матуранти кои завршуваат четиригодишно средно училиште, а од нив, според Министерството за образование и наука (МОН), дури 15.000 или рекордни над 93 отсто се пријавиле да полагаат државна матура, што значи огромен интерес кај мантурантите, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Во реакција на тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од МОН велат дека средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен.

„Ова е уште една ситуација во која бројките ги демантираат лагите на опозицијата, кои и оваа прилика со учениците ја користат да ја исполитизираат, иако законски е забрането политичко дејствување во училиштата. Партијата на Христијан Мицкоски ги користи малкутемина, незначителен број матуранти, кои наводно бојкотираат настава незадоволни од матурата, да ги критикува реформите во образованието и да ѝ преставува на јавноста лажна слика дека учениците не сакаат да полагаат“, велат од МОН.

Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што, како што додаваат, тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје и дека полагањето државна матура е законска обврска.

Исто така, појаснуваат дека имаат законска обврска да ја организираат матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство.

Испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите, ќе им биде овозможено да ја полагаат.

„Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети“, стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

„Огромниот интерес кај матурантите покажува дека тие го сфатиле концептот со завршниот испит и дека се свесни оти понатамошниот образовен процес може да го продолжат само ако имаат положено матура. Оваа година матурата ќе се полага согласно утврдениот концепт, во чие дефинирање учевствувале и самите средношколци, а за  следната година се најавува целосно нова концепција на државната матура, според современи стандарди“, велат од МОН.

Според Министерството, со масовното пријавување за државна матура, средношколците испратиле зрела порака до политичките партии да останат надвор од школските клупи и да не предизвикуваат тензии и поделби помеѓу учениците.

„Особено пораката е испратена до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која повторно користи ситуација во општеството да ја заврти во своја полза и да профитира. Тие лажно преставуваат дека образовниот систем не функционира и со дезинформациите за состојбата манипулира со одреден број матуранти, особено со оние кои неуспешно се обидуваат да организираат неоснован и непотребен бојкот на наставата“, реагираат од Министерството за образование.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе