По инцидентот во Струмица

На украденото тело од струмичката болница тест за ковид-19 ќе се прави пост-мортем

По вчерашниот инцидент во струмичката болница, кога било украдено тело на пациент кој ги имал сите симптоми на заболен од коронавирусот, надлежните изјавуваат дека тест на ковид-19 ќе мора да се направи.

Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа за ТВ Сител најави дека ќе се прави пост мортем тест.

„Ова би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам. Тоа што утринава се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава беше донесен во ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со ковид. Но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за брис кој би ја докажал оваа дијагноза“,  рече Сотирова Бухова за Сител.

Вчера пациент на 49-годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, а го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути тој починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот во дворот на болницата, го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и заминале во непознат правец.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе