Првиот уписен рок на 29 и 30 август

На УКИМ можат да се запишат 10.665 нови студенти

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10.665 места. Во квотата за редовни студенти слободни се 5.387 места, за редовни со кофинансирање на студиите има 4.248 места и за вонредни студенти слободни се 1.030 места.

Како и досега, надоместот што го плаќаат редовните студенти е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот на 12 и 13 септември и третиот рок на факултетите каде што ќе има слободни места е на 25 септември.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, почетокот на учебната година за студентите е на 1 октомври.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе