Болеста потешко се манифестира кај пациенти со коморбидитети

На Светскиот ден на срцето Филипче порача дека ковид-19 ни покажа колку е важно нашето здравје

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, денеска во Градскиот парк кај Школка го одбележаа Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 Септември за подигнување на свеста за здравиот начин на живот, исхрана, физичка активност и превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Во изјава за медиумите, проф. д-р Елена Ќосеска од ИЈЗ истакна дека во Република Северна Македонија во изминатите 10тина години постои тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.

„Тоа пред сѐ се должи на намалениот број на смртни случаи од исхемични болести на срцето, церепроваскуларните болести или со други зборови акутниот инфаркт на срцето и мозочниот удар. Тоа сметаме дека е резултат на долгогодишната борба да работиме повеќе на превенција на заболувањата, односно превенција на ризик факторите кои доведуваат до овие заболувања, како што се употребата на тутунот, неправилната исхрана, слабата физичка активност, голема и неконтролирана употреба на алкохолот и секако стресот", потенцираше д-р Ќосеска.

Таа изјави дека Институтот за јавно здравје, заедно со 10те центри и сите здравствени установи од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита активно се вклучени под покровителство на Министерството за здравство во сите активности во делот на промоција на здравје, превенција на болести, раното откривање на болестите како што се хипертензијата или покачениот крвен притисок, покаченото ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и зголемената телесна тежина.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека преку ковид кризата јасно е колку е важно да се води сметка за сопственото здравје, имајќи предвид дека оваа болест по потешка форма се манифестира кај пациентите кои имаат коморбидитети.

„Сметам дека секоја година има резултат во подигнување на свеста. Има одреден прогрес во делот на намалување на морталитетот од некои од овие дијагнози и искрено верувам дека со заедничка кампања, поддржана од Министерството за здравство сите овие мерки, параметри, препораки коишто се практично препораки на сите светски стручни здруженија можеме да ги имплементираме и во нашата земја", рече министерот Филипче.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе