Влада

На некои факултети ќе продолжат да се одвиваат предавањата и испитите

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд, беше одлучено на вчерашната 56-та владина седница.

Од Владината прес-служба наведоа дека, исто така, со Уредбата се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе