На Клиниката за урологија во тек се две трансплантации на бубрег

На Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор кај двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа. Тие ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт.

Експлантацијата и трансплантацијата од Клиниката за Урологија ја вршат тимови предводени од докторите Сашо Дохчев и Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали. Како што соопштија од Министерството за здравство, се очекува и следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија.

Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска.

Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозочна смрт сите тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем.

Од Министерството се заблагодаруваат за хуманоста на семејството на 44-годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи.

Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

Во изминатата една година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе