ВМРО-ДПМНЕ

На Клиниката за нефрологија 20 медицински лица се заразени со ковид-19

Дваесет медицински лица се заболени од корона-19 на Клиниката за нефрологија, во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека прашање е дали воопшто ќе може таа клиника да функционира во наредниот период.

Од опозициската партија јавно прашуваат што ќе се случува со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи и оние кои без дијализа не можат да живеат.

„Зарем не ги јаде совеста Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Тие двајца дозволија масакр и ги оставија на цедило медицинските лица кои се на првата борбена линија", стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека надлежните најпрво не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема ниту вакцини за никого.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе