Министерство за здравство

На инфективните оддели од ковид-19 се лекуваат 1271 пациент

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1271 пациенти и има околку 90 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 689 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 142 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид -19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 831, соопштува Министерството во своите дневни извештаи.

Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 110, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 84 пацинети, во Кочани 31, во Кичево 19, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, oд Министерството за здравство векат декја се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе