На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти заболени од коронавирусот

Во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот во ковид центрите во болниците низ земјава.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597. Има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Министерството за здравство соопшти дека во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот“, се наведува во дневниот извештај на Министерството.

Оттаму посочуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, како што информираат, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се наведува во соопштението.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе