На Инфективна клиника се лекуваат 14 пациенти со грип и компликации, а еден во тешка животозагрозувачка состојба

Четиринаесет пациенти со клиничка слика на грип и компликации меѓу кои најчесто со пневмонија, се лекуваат на Универзитетската Клиника за инфективни болести. Од нив пет се лабораториски потврдени. Станува збор за пациенти со инфлуенца АH1N1. На Одделот за интензивна нега има еден пациент кој се наоѓа во тешка животозагрозувачка состојба, со хронична опструктивна белодробна болест и со хронична респираторна инсуфициенца.

Тој е примен на Клиниката поради масивна пневмонија и во моментот е на механичка вентилација во животозагрозувачка состојба.

Ова денеска го изјави д-р Сања Maринковиќ од Клиниката, која рече дека вчера во нивната амбуланта се прегледани осум пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца со долно респираторни компликации односно пневмонија како компликација се задржани на болничко лекување.

Посочи дека меѓу хоспитализираните има помлади и повозрасни, главно се невакцинирани за грип, а најголем број од нив имаат хронично заболување.

Од почетокот на сезоната на грип на Инфективната клиника амбулантски се прегледани 53 пациенти со клиничка слика на грип. Од нив досега на болничко лекување со компликации се задржани 22 пациенти, истакна д-р Маринковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека најдобра превенција за грип е вакцинацијата и дека треба да се избегнуваат поголеми јавни собори, да се внимава на личната хигиена и да се мијат рацете, да се отстранува секрет од нос со хартиени марамчиња кои се за еднократна употреба, да се кива и кашла во марамчиња и да се избегнување контакт со претходно загадени површини. Додаде дека тоа се мерките за препорака за поголем број заразни заболувања меѓу кои и грипот.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе