Бидејќи во оваа болница од март, односно од почетокот на пандемијата забранети се посети, прашавме и дали е утврдено како заразата влезе во оваа болница.
Од Министерството за здравство ни појаснија дека точно не се знае, но можно е или да е преку вработен или преку новопримен пациент кој можеби имал лажно негативен тест.
„Во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември" Скопје во моментов се лекуваат вкупно 37 позитивни пациенти. Од појавата на првите позитивни пациенти па се до денес, вкупно биле лекувани 87 ковид позитивни пациенти. Починати пациенти кои се потврдени ковид позитивни се 15, кои биле на возраст од 57 до 95 години. Сите починати пациенти имале многу бројни други коморбидитети. Од вработените во Установата, во моментов позитивни се вкупно 13 лица, додека пак од појавата на првите позитивни случаи, позитивни биле 31 вработен“, ни одговорија од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека „во овој момент не може со сигурност да се потврди како заразата влегла во установата, дали преку некој од вработените или преку некој од новопримените пациенти кој можеби бил лажно негативен при приемот“.
К.Д.