На ФОН нов Одбор за доверба со 7 нобеловци, бивши лидери на држави, професори и научници, министри и експерти

ФОН Универзитетот, по повод Меѓународниот ден на образованието - 24 јануари, информира дека е одбран нов Универзитетски одбор за доверба, кој вклучува етаблирани имиња од светски рамки, како поранешниот премиер на Италија, Романо Проди, поранешната премиерка на Данска, Хеле Торнинг Шмит, проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО и легендарниот фудбалер и тренер, Винченте дел Боск Гонзалез.

Новоизбраниот одбор има 31 член, чија цел е развој и афирмација на ФОН Универзитетот во нашата држава и во странство, зајакнување на квалитетот на високото образование и промовирање на науката. ФОН е уверен дека придобивка ќе има и целата држава и целата академска заедница од достапноста на овие реномирани професори, нобеловци, научници, бивши лидери на земји, политичари и експерти.

Основањето на Одборот за доверба, како што соопштуваат оттаму, е значаен чекор во филозофијата на Универзитетот: постојано усовршување и развивање - со една единствена цел - да донесе поквалитетно образование за своите студенти.

Одборот за доверба е советодавно тело на Универзитетот, кое ќе се занимава со прашања поврзани со развој и афирмација на ФОН Универзитетот во Македонија и во странство; одржување на квалитетот на високото образование и промовирање на научните и наставните практики на Универзитетот; усогласување на наставните практики на Универзитетот со Европски и меѓународни стандарди, преку мерки, решенија и препораки за нивно надградување; развој на научно-истражувачките активности и придржување кон Европските и меѓународните трендови со мерки, решенија и препораки; предлози, мислења и иницијативи во врска со тековни програми и проекти за меѓународна соработка; формирање на нови факултети на Универзитетот и подобрување на издаваштвото како дејност во рамките на Универзитетот.

Дел од Одборот за првпат допатува оваа недела во Македонија, за да се обрати пред нашата домашна јавноста на Симпозиум организиран по повод Меѓународниот ден на образованието во ФОН Универзитетот. Остатокот од Одборот ќе го посетува Универзитетот во текот на целиот семестар.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе