На Европската олимпијада по физика две награди за македонски средношколци

На 5. Европска олимпијада по физика која се одржа од 19-26 јуни под лидерство на проф. д-р Ирина Петреска и асс. м-р Христијан Кочанковски, средношколците од Македонија освоија две награди. Јан Стојановски, ученик во прва година при ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освои бронзен медал и Емилија Николовска, ученичка во прва година при Математичко-информатичката гимназија во Скопје освои пофалница (награда за успешно учество).

Македонскиот тим го сочинуваа и Марко Стојановски ученик во четврта година при СУГС „Георги Димитров“ - Скопје, Мајкл Георгиевски ученик во втора година во СОУ „Добри Даскалов“ - Кавадарци и Димитар Џорлев, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ - Струмица.

Само 0,4 поени ја делеа Емилија од бронзен медал, а само 0,2 поени го делеа Марко од пофалница. Наградените ученици се натпреваруваа со 220 ученици од Европа и светот од кои најголемиот дел се ученици во завршните години на средното образование.

Учеството на тимот на олимпијадата беше овозможено од Друштвото на физичарите на Република Македонија, додека натпреварот се одржа во просториите на Институтот за физика при Природно - математичкиот факултет во Скопје. Во подготовката на учениците, организацијата на натпреварот, дискусијата, преведувањето на задачите, набљудувањето на учениците, приговорите и сите останати активности, покрај лидерите на тимот учествуваа и други членови на ДФРМ и вработени на Институтот за физика при ПМФ: доц. д-р Трифче Сандев, проф. д-р Боце Митревски, проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Александар Скепаровски.

Наредната Европска олимпијада по физика ќе се одржи во мај 2022 година во Љубљана, Словенија.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе