На Државна кардиохирургија лекарите испишаа историја - прва успешна кадаверична трансплатација на срце во Македонија

На Универзитетската клиника за Државна кардиохирургија рано утрово успешно заврши првата трансплатација на срце од починат донор. Проф. др. Сашко Јовев го водеше тимот кој во оваа вонредна состојба направија чудо....испишаа историја.

 

„Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност... победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде. Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операциската сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата Живот“, напишаа на социјалните мрежи колегите.

„Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.

Честитки!

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе