На битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ се пријавени 1.015 кандидати, слободни уште 1.920 места

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во првиот уписен рок се пријавиле  1.015 кандидати за студирање во прва година, а во вториот рок ќе може да се запишат уште 1.920 идни студенти.

Според процентуалниот преглед на понудени слободни места за упис и поднесени апликации, најголем интерес за студирање е покажан за програмите на Педагошки факултет-Битола каде за 215 слободни места конкурирале 115 кандидати или 51 насто од понудата е исполнета, додека најмал интерес за студирање има за Факултетот за биотехнички науки каде за објавените 165 слободни места конкурирале 24 кандидати или 14 отсто од вкупната понуда.

Голем интерес за студирање има на Факултетот за безбедност во Скопје каде што се пријавиле194 кандидати, потоа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид каде се пријавени 142 кандидати и на Високата медицинска школа во Битола каде се пријавени 128 завршени средношколци.

Во вториот уписен рок има места на сите универзитетски единици на Битолскиот универзитет, па така на Технички факултет-Битола слободни се уште 395 места, ФИКТ-Битола може да запише уште 283 студенти, на Економски факултет-Прилеп слободни се 237 места, а на Правен факултет-Кичево може да се запишат уште 157 студенти.

Акредитирани студиски програми се нудат и на Технолошко-технички факултет во Велес каде во првиот уписен рок беа огласени 75 слободни места, а исполнети се 24, како и на Ветеринарен факултет-Битола каде во првиот рок се пријавени 12 завршени средношколци, а имаше место за 45.

Вториот уписен рок на УКЛО-Битола е на 13 септември.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе