МОН

На 17 и 18 јуни е првото пријавување за запишување ученици во средно образование

Во средните училишта в понеделник и во вторник, 17 и 18 јуни, е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото на 1 јули.

Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35 690 ученички места, од кои 24 581 на македонски наставен јазик, 10 123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

За гимназиско образование предвидени се 10 713 слободни места. За стручно образование во четиригодишно траење  слободни се 18 365 слободни места, за стручно образование во тригодишно траење 5490, а за стручно образование во двегодишно траење има  408 места.

МОН најави дека од учебната 2019/2020 година во сите средни стручни училишта ќе почнат да се реализираат новите наставни планови и 1040 модуларно дизајнирани наставни програми за стручно образование со четиригодишно траење кои предвидуваат воведување на учењето преку работа во трета и четврта година како интегрален елемент во системот на техничко образование и зголемување на учеството на практичната настава и вежби за учениците.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе