Министерство за здравство

На 1.507 тестирања, 88 новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, новозаразени се 88 лица, 113 лица се оздравени, а направени се 1.507 тестирања.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје, на 56 и 75-годишна возраст, пациент од Куманово (91), пациент од Гостивар (64), пациент од Тетово (82) и пациент од Штип (58). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје –  23, во Струга – 11, во Штип – 10 и во Куманово и Охрид по осум. Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола. Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и Кичево се потврдени по два нови случаи, и по еден во Кавадарци и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2 и од Ресен-5. 

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 4.966, активни 1.303

Куманово 1.102, активни 262

Дебар 208, активни 118

Штип 887, активни 433

Прилеп 336, активни 46

Тетово 1066, активни 212

Струга 469, активни 187

Велес 227, активни 22

Битола 146, активни 66

Охрид 283, активни 76

Кавадарци 83, активни 63

Гостивар 499, активни 288

Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 39, активни 23

Крива Паланка 25, активни 11

Радовиш 29, активни 16

Крушево 16, активни 8

Кочани 106, активни 20

Пробиштип 57, активни 22

Демир Хисар 34, активни 26

Македонски Брод 41, активни 35

Пехчево 6, активни 0

Берово 8, активни 4

Валандово 6, активни 0

Виница 25, активни 21

Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

Кратово 14, активни 7

Свети Николе 230, активни 134

Кичево 179, активни 109

Ресен 146, активни 21

Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со ПЦР метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

Чаир – 168

Аеродром - 147

Кисела Вода – 141

Гази Баба - 133

Карпош – 113

Шуто Оризари – 108

Центар – 106

Ѓорче Петров – 92

Бутел - 84

Сарај – 60

Студеничани – 45

Арачиново – 24

Илинден – 24

Сопиште – 20

Петровец – 17

Чучер Сандево – 9

Зелениково- 7

Странец – 5

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе