МЗ за починатото 2-годишно дете позитивно на ковид-19: Имало дијагнози на бактериска сепса и било хоспитализирано и оперирано повеќе пати

По објавената информација дека на Универзитетската клиника за детска хирургија починало 2-годишно дете кое имало тест позитивен на ковид-19, од Министерството за здравство дополнително соопштија дека детето имало дијагнози на бактериска сепса и било хоспитализирано и оперирано повеќе пати.

„Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на Клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид-протоколите е тестирано и е со ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis", се вели во дополнителното соопштение на Министерството за здравство.

Починатото дете е заведено и во денешната статистика на починати од ковид-19. 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе