По трансплантацијата на срце

МЗ: Следуваат трансплантации на бубрезите и други органи - животот на девојката продолжува преку неколку други животи

Трапснсплантацијата на срце беше извршена успешно, соопшти Министерството за здравство и информира дека денеска треба да биде изрвршена трансплантација кај два пациента на бубрезите од истата девојка донор, чие срце сега чука во телото на 22 годишно момче. Ќе бидат извршени и замена на метастазирани коски кај неколкумина пациенти - министерството вели: „Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други".

Министерството за здравство информира дека вчера доцна во вечерните часови успешно се спроведе и втората трансплантација на срце од починат донор во нашата држава. Пациентот кој го прими срцето е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето.

„Двата бубрега од оваа пациентка денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијаиза. Во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава“, вели Министерството.

Во соопштението се вели дека Министерството за здравство изразува голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка.

„Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други“, нагласува Министерството.

Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри што е доказ дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно.

Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.

„Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката“, пишува Министерството.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе