Починати биле 15, а не 7 лица

МЗ се коригираше: бројот на оздравените од ковид-19 не е 348, туку 2.308 пациенти

Министерството за здравство денес направи корекција на дневната статистика и прво соопшти дека оздравени се 348 пациенти кои биле позитивни на ковид-19, за потоа еден час подоцна да испрати нов број на оздравени, односно 2.308. Наместо регистрираните нови случаи кои првично беа 342, Министерството за здравство во корегираното соопштение информираше дека се работи за нови 355 случаи на заразени со ковид-19. Бројката на починати лица првично беше 7, а потоа стаса информација за 15 починати лица.

„Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 217.02 Оздравени се 2.308 пациенти, а пријавени се 15 починати лица“, информираа од МЗ. 

Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на ковид-19: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.

Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 - 31.10.2021.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Направени се 3.042 тестови преку: ИЈЗ-319, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–134, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-138, Биотек-183, Систина-70, лабораторија Лаор-155, Синлаб-15, Ремедика-16, Плодност–32, Генеа-11, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-54, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 989.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на оквид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, а на починати е 7.631. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе