МЗ: Позитивните пациенти на тестот за коронавирусот во Систина, на контролен тест во ИЈЗ

Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитиви на тестовите на антитела кои ги прави во болницата „Аџибадем Систина“, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

Вчера дел од медиумите објавија дека во „Аџибадем Систина“ биле регистрирани 65  позитивни случаи од тестираните пациенти.

Министерството за здравство појаснува дека тестовите кои ги користи приватната клиника „Аџибадем Систина“ се различен тип од тестовите на сите останати институции.

„Тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави „Аџибаадем Систина“, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“, соопшти Министерството за здравство.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе