Неделна анализа

МЗ: Од 124 починати, 27 биле вакцинирани, од нив 22 со кинеските вакцини

Во периодот од 15 до 21 октомври од ковид-19 починале 124 пациенти, а од нив 27 биле вакцинирани. „Еден пациент е вакциниран со вакцината „Фајзер“, двајца со вакцина „Астразенека“, шест починати пациенти примиле вакцина „Синовак“, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, а двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „Спутник В“, велат од Министерството за здравство и нагласуваат дека починатите имале претходни болести.

„Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со ковид-19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина“, информира министерството и нагласува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина и поминати 14 дена по примената втора доза.

Министерството за здравство информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале, a биле вакцинирани.

15 октомври

71 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување
75 год. кардиолошко заболување ДМ

16 октомври

69 год. кардиолошко заболување и дијабет
72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
68 год. каридолошко заболување и обеситас

17 октомври

87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
86 год. кардиолошко заболување и дијабет
65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
75 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
63 год. кардиолошко заболување
69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
69 год. кардиолошко заболување и обеситас

18 октомври
68год. кардиолошко заболување
72год. белодробно заболување
80год. кардиолошко и белодробно заболување

19 октомври

74год. крдиолошко заболување и обеситас
83год. HTA ABI
81год. HTA

20 октомври

79год. HBI
79год. ХОББ и кардиолошко заболување
67год. кардиолошко заболување

21 октомври

93год. кардиолошко заболување
89год. HTA белодробно заболување

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе