Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во штипската болница се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 56 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.