Поради зголемениот интерес

МЗ: Граѓаните ќе можат и утре да се вакцинираат

Министерството за здравство инфомира дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и во секој друг работен ден, велат од Министерството.

Инаку, деновиве е значително зголемен интересот за вакцинација меѓу граѓаните,  откако беа најавени новите рестриктивни мерки заради ширењето на коронавирусот, според кои ќе се бара сертификат за примена барем една доза на вакцина за влез во објектите од затворен тип, како за присуство на помасовните настани на отворен простор.

Во текот на вчерашниот ден прва доза на вакцина примиле близу 9 илјади граѓани.

Болеста предизвикана од коронавирусот деновиве забрзано се шири. Денеска е постигнат нов рекорд - 672 нови случаи на ковид-19, а пет лица починаа.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе