Сертификатите за вакцинација се валидни

МЗ: Граѓаните да генерираат нов ЕУ сертификат, за да се спречат лажните сертификати

Министерството за здравство ги повикува граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку веб порталот vakcinacija.mk да генерираат нов и додава дека се работи за безбедносен протокол за да се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Во соопштението од Министерството се наведува дека сите земји што имплементирале EUDCC, меѓу кои и Македонија, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни.

„Како дел од ваков напад на систем, на 28.10.2021, трети страни успеале да изгенерираат четири лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните ЕУ сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај.

Тимовите на Министерството за здравство се во постојана комуникација со тимовите за сајбер - безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската Комисија. Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, ЕУ сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може, на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EU сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе