Според официјалните податоци

МЗ: 1.592 лица починаа од ковид-19 за два и пол месеци, од нив 282 лица имале примено вакцина

Во периодот од 6 август до 28 октомври, според официјалните податоци, над 45 илјади лица се заразиле со коронавирусот,  а од нив 27 отсто биле целосно вакцинирани, додека 75 отсто од болнички лекуваните пациенти со ковид-19 не биле вакцинирани.Во тој период од болеста починале 1.592 пациенти, од нив 1.310 пациенти, односно 82% не биле вакцинирани, а 18%, односно 282 примиле вакцина.

„Во период од 06 август до 28 октомври на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на к-овид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75%, додека само 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во периодот од 6 август до 28 октомври на територија на државата починале 1.592 пациенти со ковид-19, 1.310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели во соопштението на Министерството за здравство за направената анализа.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе