Нов Правилник

МТСП воведува надоместок за жените со обострана ампутација на дојката

Надоместок и за жените кои имаат обострана ампутација на дојка се воведува со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што појаснуваат од Министерството, досега право на надоместок имале само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка.

„Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка“, велат од МТСП.

Во новиот Правилник што веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така, велат од МТСП, е подобрен и целиот текст на самиот Правилник.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе